а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плеска

плескаат; плескал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8759
1. Удри по нешто плоскато, широко по површина, при што се слуша плесок.
Англиски: clap Албански: godit
Примери:
Со пиралката плеска по алиштата ставени на каменот крај реката.
Домаќинката рутински го плескаше лебот со раце неколку минути.
Децата весело плескаа по водата.
2. Удира шлаканици, тепа некого предизвикувајќи плесок.
Англиски: slap Албански: shuplakë
Примери:
Секогаш кога ќе стори нешто лошо, таа силно го плеска детето со шлаканици по лицето.
Тој секојдневно ги плеска жената и децата и се фали дека е некој маж.
Што ако го плескаат секој ден, кога ни слуша, ни разбира.
3. Удира дланка со дланка во знак на одобрување, одушевеност, восхит и сл.
Англиски: applaud Албански: duartrokas
Примери:
Публиката долго му плескаше на пијанистот, а тој се поклонуваше.
Кога ги слушнаа резултатите од жирито, насобраните силно плескаа и се радуваа.
4. Зборува глупости; не го контролира своето зборување.
Англиски: gossip Албански: llafazan
Употреба: Пејоратив , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Таа плеска нешто без врска и не внимава пред кого и каде.
5. (се плеска) Се удира по дел од телото (образи и сл.)
Англиски: slap Албански: shuplakë
Примери:
Девојчето се плескаше по образите за да зацрвенат.
Изведенки
плескање ср.
глаг. им.