а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

повтори

повторат; повторам; повторил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1069
1. Направи нешто (кажано, извршено) исто по втор пат или повеќепати.
Англиски: repeat Албански: përsëris
Примери:
Го повтори прашањето.
Ја повтори лекцијата.
Повтори постапка.
Повтори успех.
Повтори грешка.
2. Обнови во мислите нешто (кажано, научено, видено), обично со заменката „си“.
Англиски: recollect Албански: përsëris
Примери:
И тогаш си ги повтори зборовите на учителот.
Си ја повтори сликата од детството.
Пред настапот (си) ја повтори песната.
3. Во школувањето - остане во исто одделение, клас, година.
Англиски: repeat the year Албански: përsëris, ngel
Употреба: Образование
Примери:
Вториот клас го повтори.
4. (се повтори) Каже, направи нешто во ист вид.
Англиски: retell Албански: përsëris
Примери:
Кога ќе се повториш, стануваш здодевен.
Немајќи со ништо ново да се претстави, почна да се повторува.
5. (се повтори, само во 3. л.) Се случи пак, повторно.
Англиски: reoccur Албански: përsëritet
Примери:
Земјотресот се повтори неколку пати.
6. (Ми, ти, му, ... се повтори)
Албански: përsëritet
Примери:
Сонот му се повторил.
Болеста му се повторила.
Изведенки
повторува несв.
(се) повторуваат