а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поднесе

поднесат; поднеси, поднесам, поднесете; поднесов, поднесоа; поднесол; поднел, поднесен, поднесев, поднесеа; поднесел; поднесено
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1526
1. Предаде поднесок, писмено обраќање (молба, жалба, пријава) до надлежен орган заради решавање на некое барање.
Англиски: submit Албански: paraqes
Примери:
Директорот поднесе оставка.
Таа поднесе барање за социјална помош.
2. Јавно изнесе, изложи, прочита нешто (соопштение, реферат, извештај, предлог, план) заради оцена, мислење или дискусија.
Албански: paraqet
Примери:
Уводно излагање поднесе претседателот на Одборот.
Извештај за работата на клубот во изминатите две години поднесе досегашниот претседател.
3. Претрпи тешкотии, страдање, болки, неправди, штета и сл.
Англиски: suffer Албански: vuaj
Примери:
Тој го поднел ударот со насмевка.
Кутрите несреќници, трпеле и поднесувале сѐ.
Тој не можел да го поднесе срамот.
4. издржи
Англиски: sustain Албански: qëndroi
Примери:
Пациентот добро ја поднесе терапијата.
Тој згреши и ќе ја поднесе заслужената казна.
Тешко ја поднесувам силната горештина.
5. Се помири, прими трпеливо.
Англиски: tolerate Албански: toleroj
Примери:
Тој добро ја поднесе болничката храна.
Оваа година пченицата поднесе многу ниски температури.
Тој не можеше да ја поднесе новата колешка.
6. (се поднесе) Се трпи, издржува заемно, еден со друг.
Англиски: bear Албански: duroj
Примери:
Тие двајца не можат да се поднесат.
7. (се поднесе) Се трпи, издржува самиот себе.
Албански: mbahet në vete
Примери:
Не можам да се поднесам ваков валкан.
Изведенки
1. поднесува несв.
(се) поднесуваат
2. поднесување ср.
глаг. им.