а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

позиција

мн. позиции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 780
1. Место на кое се наоѓа некој или нешто.
Англиски: position Албански: pozicion
Примери:
Македонија е во централна позиција на Балканот.
2. Место во некој распоред или редослед (на фигурите во шахот, прстите при свирење итн.)
Англиски: position Албански: pozitë
Примери:
петта позиција
Партијата беше прекината во подобра позиција за црните фигури.
3. Утврдено место на распоред на воени сили; место во борбена линија.
Англиски: line Албански: vijë
Употреба: Воен термин
Примери:
одбранбена позиција
4. Во книговодството - ставка во сметка, во буџет.
Употреба: Економија
Примери:
За овие позиции во буџетот сѐ уште не сме дискутирале.
5. Положба, функција, поставеност во општеството, во службата, во некоја средина.
Англиски: status Албански: status
Употреба: Преносно значење
Примери:
висока општествена позиција
6. Гледиште, однос, став кон нешто.
Англиски: aspect Албански: aspekt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Преговара од позиција на сила.
7. владејачка партија
Англиски: ruling party Албански: parti në pushtet
Употреба: Политика
Примери:
Позицијата и опозицијата дискутираа во парламентот.
Изведенки
1. позициски прид.
позицискиот
Што се однесува на позиција.
Пример: глобален позициски систем
2. позиционен прид.
позициониот
Што се однесува на позиција.
Пример: позициони светла