а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

покрај

Вид збор: Предлог
Ранг: 555
1. Место на одвивање на дејство, положба во непосредна близина на нешто.
Англиски: beside
Примери:
Поминав покрај тебе, а ти не ме виде.
Стои покрај ѕидот и ги брои минутите.
2. Одвивање на дејството по должина на нешто.
Англиски: along
Примери:
Новиот пат ќе се гради покрај железничката пруга.
Селаните насадија канадски тополи покрај каналот.
3. Нешто што е непосредно или што се извршува паралелно со нешто друго.
Англиски: beside
Примери:
Покрај толку проблеми, сега треба да се грижам и за твојата болна тетка.
Наоѓа време за пишување покрај многубројните обврски во домот.
4. Допусно значење, наспроти (почесто со честичката и).
Англиски: despite
Примери:
И покрај толкаво богатство, пак не е задоволен.
Попот не сакаше да побараме помош и покрај силните болки во стомакот.
Изрази
Покрај сувото гори и суровото - покрај виновните ќе настрадаат и невините.