а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

полека

Вид збор: Прилог
Ранг: 371
1. Без брзање, бавно, кроце.
Англиски: slowly
Примери:
Одеше полека.
Вежбите ги правеше полека.
Тие полека излегоа од неговата куќа.
2. внимателно
Англиски: carefully
Примери:
Таа полека ја крена кутијата од масата и ја пренесе на подот.
Избриши ги чашите полека за да не се скрши некоја.
3. Тивко, потивко
Англиски: silently
Примери:
Полека, ќе го забудите детето.
Зборувај полека, не викај толку.
Изрази
Лека-полека / полека-лека / полека-полека - со најмала брзина, без никакво вознемирување извршува некаква дејност.
Лека-полека работата бидна.