а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

посветен

посветени
Вид збор: Придавка
Ранг: 4275
1. Што е предаден, верен на некого или на нешто.
Англиски: dedicated Албански: i dedikuar, i kushtuar
Примери:
Тој е целосно посветен на работата.
2. За уметнички и научни трудови - што обработува определен проблем.
Англиски: dedicated Албански: i dedikuar, i kushtuar
Примери:
Трудот е посветен на прашања од биохемијата.
3. За творба - што изразува почит, љубов, благодарност.
Англиски: dedicated Албански: i dedikuar, i kushtuar
Примери:
Речникот е посветен на татко ми.
4. Што е добро запознаен со нешто, упатен во нешто тајно.
Примери:
Тоа беше вистинска тајна во која беа посветени само тој, неговиот син и никој друг.
Изведенки
посветеност ж.
Пример: Целосна посветеност во борбата против организираниот криминал.