а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потече

потечат; потечи, потечете; потекоа; потекол, потекле; (ќе) потечеше, (ќе) поѕечеа; (ќе) потечел; потечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3482
1. За вода, течност - почне да тече.
Англиски: flow Албански: rrjedh
Примери:
Од раната му потече крв.
Реката потекла матна и пенлива.
Од очите му потекоа солзи.
2. Почне да се движи во мноштво, во маса.
Англиски: move Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тогаш ја виде реката од луѓе што потече кон плоштадот.
Човечката маса потече со викотници спроти нив.
3. За зборови, чувства, мисли, мирис - почне да се шири на сите страни.
Англиски: spread Албански: përhap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Низ отворената врата потече светлина.
Во собата потече мирисот на липите.
Штом зборовите ќе потечеа од неговата уста, сите забораваа на сѐ.
4. Продолжи непрекинато да се одвива.
Англиски: continue Албански: vazhdon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Откако ќе заминам, пак ќе си потече сѐ по старо.
Вечерта почна и потече во најубав ред.
Потече сега друг, но тежок живот.
5. Тече малку, кратко време.
Англиски: flow Албански: rrjedh
Примери:
Чешмата потече и запре.
6. се подуе, набрекне
Англиски: swell Албански: bymehet
Примери:
Нозете ѝ потекле од долгото одење.
Јазикот му потече од виното.
Очите ѝ потекоа од плачење.
Изрази
Му потекоа лиги - почувствува силна желба да вкуси нешто.
Изведенки
1. потечува несв.
потечуваат
2. потекува несв.
потекуваат
3. потечување ср.
глаг. им.