а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потопи

потопат; потопил; потопен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6466
1. Направи некој или нешто да потоне.
Англиски: sink Албански: fundos
Примери:
Бурата го потопи бродот.
2. Покрие со течност, стави нешто во вода, во течност.
Англиски: overflow Албански: vërshim ujrash
Примери:
Баклавите ги потопи во густ шербет.
Таа ги потопи алиштата во вода.
3. Поплави некаква површина.
Англиски: inundate Албански: vërshim
Примери:
Водата го беше потопила малото островче.
4. (се потопи) Влезе во вода со дел или со целото тело.
Англиски: flood Албански: mbuloj
Примери:
Дланките ѝ се црвени од вода, како вечно во неа да се потопени.
5. (се потопи) Направи самиот да потоне.
Албански: fundoset
Примери:
Бродот се потопил.
Изведенки
1. потопува несв.
(се) потопуваат
2. потопување ср.
глаг. им.