а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

појас

мн. појаси
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1375
1. Широк ремен, колан или долга, тесна ткаенина што се обвиткува, заврзува околу половината.
Англиски: belt Албански: brez, rrip
Примери:
Носител на црн појас во џудо.
Црвениот појас ѝ ја стегаше половината.
2. Дел од телото што го опфаќа папокот вертикално и прави круг.
Англиски: waist Албански: bel
Употреба: Анатомија
Примери:
Има брада до појас.
3. Климатска зона или дел од Земјината топка.
Англиски: zone Албански: brez, zonë
Употреба: Географија
Примери:
тропски појас
шумски појас
4. Определен простор со свои карактеристики, територија изделена по некакво обележје.
Англиски: area Албански: brez, zonë
Примери:
зелен појас
индустриски појас
5. поколение, генерација, потомство
Англиски: generation Албански: brez, gjeneratë
Примери:
Од нивниот појас сите млади изумреа.
Вредноста на нивното потекло се смета до третиот појас.
6. Канал за трансмисија на податоци.
Англиски: band width Албански: bandë, brez, shirit
Употреба: Информатика
Примери:
Широк појас за пренос.
Изрази
Појас за спасување - направа од непропустлив материјал, исполнета со воздух што служи за одржување вода.
Сигурносен појас - посебно приспособена лента што се става преку градите од безбедносни причини (во кола, авион и сл.)
Не ми е ниту до појас - во ништо не може да се споредува според вредностите, има мали вредности.