а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

правец

мн. правци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1334
1. Замислена линија на движење насочена кон определена цел.
Англиски: direction Албански: drejtim
Примери:
спротивен правец
непознат правец
погрешен правец
Трчаше во правец на селото.
2. Пат на развој, тек, насока на определена работа, појава, дејство и сл.
Англиски: trend Албански: trend
Примери:
Тоа е обусловено од правецот на развој на нашата култура.
Новото време носи нови правци и во науката.
3. Определен став, поглед, сфаќање што ги поврзува луѓето (писатели, сликари, филозофи) со исти идеи, цели и методи на работа.
Англиски: movement Албански: lëvizje, drejtim
Примери:
структуралистички правец
книжевен правец
аналитички правец