а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

практика

(едн.) практиката
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1990
1. Непосредна примена и спроведување во дело на определени постапки.
Англиски: practice Албански: praktikë
Примери:
Нема теорија без практика.
2. Начин на работење, однесување или постапување во определена област.
Англиски: practice Албански: praktikë
Примери:
Во банкарскиот систем е воведена нова практика.
3. навика, обичај, постапка
Англиски: practice Албански: praktikë
Примери:
Сѐ повеќе се зацврстува практиката за продажба со непосреден договор.
4. Примена на знаењата во работа, вршење некаква стручна работа.
Англиски: practice Албански: praktikë
Примери:
лекарска практика
адвокатска практика
образовна практика
5. Стручна работа со определено времетраење по завршеното школување која служи за воведување во работата.
Англиски: internship Албански: punë praktike
Употреба: Образование
Примери:
Веќе неколку месеци сум на практика во градската болница.