а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преброи

пребројат; преброј, пребројте; пребројав, пребројаа, преброив; преброија; пребројал, преброил; пребројан, преброен; (ќе) преброев, (ќе) преброеја; (ќе ... + повеќе
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9400
1. Изброи сѐ по ред.
Англиски: recount Албански: numëroj, rinumëroj
Примери:
Ги преброи парите и ги стави во фиоката.
Ги пребројаа овците во трлото.
2. Изброи повторно, уште еднаш.
Англиски: recount Албански: rinumëroj
Примери:
Преброј ги парите пред да му ги дадеш.
Учителката пак ги преброја децата.
3. (се преброи) Се изброи меѓу себе како дел од некоја целина.
Англиски: recount Албански: rinumëroj
Примери:
Групата се преброи.
Ние се преброивме.
4. (се преброи) Направи некаква пресметка согледувајќи ја сопствената состојба.
Англиски: recount Албански: rishqyrtim
Примери:
Таа се преброи и виде дека нема доволно пари.
Тој се преброи и сфати дека не може да се спротивстави.
Изведенки
1. пребројува несв.
(се) пребројуваат
2. пребројување ср.
глаг. им.