а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преврти

превртат; преврте; превртел; превртен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2936
1. Сврти, заврти нешто од една страна на друга.
Англиски: turn Албански: kthej
Примери:
Го преврти капутот.
Ја преврти чашата.
Ја преврти тортата врз чинијата.
Го преврти месото на скарата.
Преврти нова страница од весникот.
Ветрот ги преврти сите саксии во дворот.
Силните бранови го превртија чамецот.
2. Стави, премести некого од една страна на друга.
Англиски: turn Албански: vendos
Примери:
Тие го превртија болниот на другата страна.
Мајката го преврти детето на постелата неколкупати.
3. За очи - направи движење како израз на некоја физичка или психичка состојба.
Англиски: turn Албански: vërtitje
Примери:
Старицата само преврти со очите и замолчи.
4. За книга, весник - разгледа, прегледа.
Англиски: search Албански: kërkoj
Примери:
Таа го преврти списанието, но ништо не најде.
Тој ја преврти книгата од почеток до крај.
5. Претури сè барајќи некого или нешто, пребара насекаде.
Англиски: overturn Албански: përmbys
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја преврти целата куќа, но не ги најде парите.
Спасувачките екипи ја превртија целата планина и не го најдоа загубениот планинар.
6. Измени, промени нешто.
Англиски: overturn Албански: ndëron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа го преврти неговиот живот.
7. (се преврти) Направи кружно движење околу нешто.
Англиски: turn Албански: vërtitje
Примери:
Малите рипчиња се превртија во водата.
Гимнастичарката се преврти преку глава.
8. (се преврти) Се заврти, се сврти од една страна на друга.
Англиски: turn Албански: kthen
Примери:
Детето неколкупати се преврти додека спиеше.
Болниот се преврти во постелата.
9. (се преврти) Промени положба, состојба поради нешто.
Англиски: turn Албански: ndërron
Примери:
Поради големата брзина, колата се преврти на патот.
Ветрот дувна и листовите на книгата се превртија.
Почувствував удар, автобусот се преврте, патниците почнаа да летаат низ него.
10. (се преврти) Се свие, се превие, се превитка од нешто, поради нешто.
Англиски: turn Албански: kthen
Примери:
Луѓето се превртија од смеа.
Тој се преврти од занес.
Изрази
Преврти џебови некому - ограби, опљачка некого.
Изведенки
1. превртува несв.
(се) превртуваат
2. превртување ср.
глаг. им.
Пример: Се изви во височина, направи три превртувања и падна врз душекот.