а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

просветителство

(едн.) просветителството
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 12652
Историска фаза, претходник на Француската револуција, во која преовладува рационализам и верба во напредокот; против суеверие, предрасуди и покорност пред авторитети.
Англиски: enlightenment
Употреба: Историја , Филозофија
Примери:
Идеите на просветителството и на рационализмот зрачат низ целиот 19 век.