а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рано

Вид збор: Прилог
Ранг: 949
1. Во почетокот на определен временски период.
Англиски: early Албански: herët
Примери:
Рано во ноќта се слушнаа пукотници.
2. Во почетокот на денот, изутрина.
Англиски: early Албански: herët
Примери:
Денеска станав многу рано.
Рано тргнавме на пат.
3. Пред определеното, обичното време или час.
Англиски: early Албански: herët
Примери:
Легнавме рано.
Многу рано дојдовте.
4. Пред време, предвремено.
Англиски: early
Примери:
Умре рано.
Рано го заборави мажа си.
5. Како компаратив и суперлатив порано, најрано - пред некого.
Англиски: earlier Албански: më herët
Примери:
Јас бев најрано тука.
Тој дојде порано.
6. Како компаратив и суперлатив порано, најрано - претходно, од порано.
Англиски: earlier
Примери:
Да ми кажеш од порано.
Јавете ми порано.
7. Како компаратив и суперлатив порано, најрано - пред, пред нешто, одамна.
Англиски: before Албански: para
Примери:
Порано не се работеше во недела.
И порано беше убава.
8. Во изразите и поговорките; кое, што порано; рано е; рано (порано) или доцна (подоцна).
Англиски: early Албански: herët
Примери:
Рано рани.
Изрази
(посл.) Рано пиле рано пее.
(посл.) Кој рано рани, две среќи граби.