а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

светол

светли
Вид збор: Придавка
Ранг: 1832
1. Кој испушта силна светлина.
Англиски: bright
Примери:
светлото сонце
светли ѕвезди
2. Добро осветлен, полн со светлина.
Англиски: shiny
Примери:
светла соба
во светлата ноќ
По светлата површина на водата.
3. Кој има боја блиска до белата, побледа од основната.
Англиски: light
Примери:
светла облека
Имаше светла коса.
4. (за течност) чист, прозрачен; (за глас) висок, јасен, со метален тембр.
Англиски: clear
Примери:
светли солзи
светол глас
5. Среќен, радосен, со ништо непоматен.
Англиски: unspoilt
Употреба: Преносно значење
Примери:
светла иднина
светли спомени
6. Кој изразува радост, среќа.
Англиски: happy
Примери:
со светло лице
светол поглед
(разг.) Светло ти лице!
7. за умствени способности - јасен, прониклив
Англиски: intelligent
Употреба: Преносно значење
Примери:
светол ум
светли мисли
8. Епитет на високопоставено лице.
Англиски: majestic
Примери:
Светли царе
Изрази
Светло ти (ви) око (лице) - при прво обраќање кон лица чиј близок се вратил дома по подолго отсуство.