а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сметка

мн. сметки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1584
1. сметање
Англиски: calculation Албански: llogari
Примери:
Учи сметка.
грешка во сметката
2. Документ со назначување на сумата што треба да се плати за нешто.
Англиски: bill Албански: faturë
Употреба: Економија
Примери:
Сметка за свечената вечера.
Извод од сметката.
Испише сметка.
фискална сметка
3. Во сметководството - операции што образуваат една партија по билансот.
Англиски: account Албански: llogari
Употреба: Економија
Примери:
Кој ви ги води сметките?
Сметка на загуби.
4. (обично мн. сметки) Заемни парични односи.
Англиски: balance Албански: bën llogari
Примери:
лични сметки
5. заемни навреди
Англиски: balance Албански: mban llogari
Употреба: Преносно значење
Примери:
Имаме уште стари сметки.
6. намера
Англиски: intention Албански: qëllim
Употреба: Разговорно
Примери:
Дојде со таква сметка.
7. корист
Англиски: benefit Албански: dobi
Употреба: Разговорно
Примери:
Има сметка да го држи дуќанот.
Изрази
(посл.) Чиста сметка, долга љубов.
(разг.) Прави сметка без крчмар.
(разг.) Види си (расчисти) сметка.
(разг.) (Не) му оди во сметка.
(разг.) Му ги расипа сметките.
За своја (туѓа) сметка.
Бара сметка.
Без сметка.
Води сметка.
Дава сметка.
жиро-сметка
На нова сметка.
Отвори сметка.
Прави сметка.
Со сметка (живее).
Текушта (тековна) сметка.
Тенки сметки.
Чековна сметка.