а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

со

Вид збор: Префикс
Ранг: 32609
1. (со- / с-)За образување глаголи со значење: Едновременост на дејствата или исполнување на едно дејство со друго, пти што се подразбираат повеќе ученици во дејството.
Примери:
се согласи, се сортачи, се соживее
2. За движење одозгора надолу или оддалечување од некоја точка.
Примери:
свисне, сведне, се свлече, се стркала
3. За движење од различни места до една заедничка точка.
Примери:
собере, стече
4. За движење по површината на некој предмет.
Примери:
собере, спружи, се слупи
5. За добивање нова особина на предметот, најчесто кај глаголи со именска основа.
Примери:
се скисели, се скамени, се смрзне, спитоми, стопли
6. За почетна свршеност.
Примери:
свика, срика, снеможе, списка, се стрча
7. За завршна свршеност.
Примери:
(се) скара, скорне, се скрие, смисли, соџвака
8. (само префиксот „со-“) За образување именки со значење: лице што се наоѓа во меѓусебен однос со лицето именувано со мотивирачката именка.
Примери:
соавтор, соговорник, сограѓанин
соработник, соборец, соученик