а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

споменик

мн. споменици
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3248
1. Архитектурно или скулптурно дело во спомен на некое лице или настан.
Англиски: monument Албански: përmendore, monument
Примери:
Пред споменикот на паднатите борци.
споменикот на Гоце Делчев
2. споменик на гроб
Англиски: tomb Албански: monument
Примери:
надгробен споменик
3. Предмет, останка од материјалната култура на минатото.
Англиски: monument Албански: monument
Примери:
археолошки споменици
споменици од турско време
4. Дело на старата писменост.
Албански: monument
Примери:
старословенски пишани споменици
кирилски споменици
5. Сведоштво за делото на некого, она што се јавува како нагледно сведоштво за нешто.
Англиски: evidence Албански: dëshmi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Автопатот – споменик на нашата младост.
6. Книшка во која се испишани имињата на умрените на некоја фамилија.
Англиски: memory book Албански: libër përkujtimesh