а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

среден

средни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1440
1. Доведен во ред; морално врамнотежен.
Англиски: orderly Албански: i rregulluar, i sistemuar
Примери:
средена состојба
среден старец
среден одговор
2. Кој е еднакво оддалечен од краиштата на нешто; кој се наоѓа меѓу две крајни точки; за браќа, сестри - вториот од три.
Англиски: middle Албански: i mesëm
Примери:
Се појави на средниот прозорец.
Го пресече средниот прст.
Средниот син го чуваше стариот.
3. Кој е по своите признаци, својства меѓу двете крајни големини.
Англиски: medium Албански: mesatar
Примери:
среден по бој
средна категорија
средни селани
4. Ни добар, ни лош.
Англиски: mediocre Албански: mesatar
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
среден ученик
средни способности
5. Добиен со делење на збирот на неколку големини на нивниот број.
Англиски: average Албански: mesatare
Употреба: Математика
Примери:
средна годишна температура
средна брзина
средна цена
средна вредност
Изрази
Нешто средно.
Среден век.
Среден Исток.
Среден род.
Среден сталеж/класа - општествена група што се наоѓа меѓу работничката и високата класа.
Средна рака - човек.
На средни години - средовечен.
Средно образование.
Средно училиште.