а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стапи

стапат; стапеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3505
1. Постави нога врз нешто.
Англиски: step Албански: vej
Примери:
Стапи на килимот.
На тој рид не стапила човечка нога.
2. Влезе некаде.
Англиски: enter Албански: hyri
Примери:
Тогаш стариот првпат стапи кај нив.
Стапи во собата.
Досега не стапил кај нас.
3. Стане член на некоја организација.
Англиски: join Албански: bashkohet
Примери:
Пред пет години стапи во задругата.
Стапи во Сојузот.
Стапи во членство.
4. Во состав со предлогот „в“, „во“ и некои именки - започне да го остварува дејството означено со именката.
Англиски: begin Албански: filloj
Примери:
Стапи во борба.
Стапи в брак.
Стапи во полемика, преговори, разговори и сл.
5. Во состав со предлогот „на“ и некои именки.
Албански: hyn në
Примери:
Стапи на должност.
Стапи на престол.
Стапи на (во) сила.
Стапи на сцена.