а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

тивко

Вид збор: Прилог
Ранг: 570
1. Не многу гласно, не силно, нечујно или скоро нечујно.
Англиски: quietly
Примери:
Тивко говори, се смее, свири итн.
2. За отсуство на врева, на некаков шум некаде.
Англиски: quiet
Примери:
Во салата беше тивко.
Во селото се водеа борби, но зад ридот беше тивко.
3. За живеење - спокојно, мирно.
Англиски: quietly
Примери:
Тој живее тивко и повлечено.
4. Без врева, без шум.
Англиски: silently
Примери:
Работата се сврши тивко и незабележливо.
5. За тивко време, без ветар.
Англиски: calm
Примери:
Надвор е тивко.
Изведенки
потивко прил.