ѕвон

мн. ѕвонови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 12443
Звук од ѕвоно, од камбана; звук добиен со удар на метал, стакло и сл.
Англиски: sound Албански: zë, zile, kumbim
Примери:
Екнува ѕвон од камбаната.
Се слуша ѕвонот од блиските трла.
Долготраен ѕвон е знак за училиштен одмор.
Празните чаши се најдоа на подот со ѕвон на скршено стакло.