китка (имн.) - босилек (имн.)

По десетина минути, стариот го симна торбулето од рамото и од него извади две жолти дуњи, две суви китки босилек, едно крајче мувлосан леб и празно пагурче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја слези, Малино моме, подолу, еј на подолното кладенче, набери китка босилек, подај ми да помирисам.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Кога? - Сум изумила... преброј ги китките босилек на гредана закачени.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ја гледаш Симка? Чиста ти ја давам како роса, како солза, како китка босилек!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)