Технологија - категорија

тахометар повеќе

мн. тахометри
Вид збор: Именка, машки род
брзиномер
Англиски: tachometer

телевизија повеќе

мн. телевизии
Вид збор: Именка, женски род
Пренос на подвижни слики комбинирани со звук на далечина.
Англиски: television Албански: televizor

телевизор повеќе

мн. телевизори
Вид збор: Именка, машки род
телевизиски приемник
Англиски: television set

телекамера повеќе

мн. телекамери
Вид збор: Именка, женски род
Камера со телеобјектив.
Англиски: telecamera
телевизиска камера
Англиски: telecamera

телефон повеќе

мн. телефони
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за пренос на говор на далечина.
Англиски: telephone Албански: telefon
Примери:
Зборува по телефон.

темпомат повеќе

мн. темпомати
Вид збор: Именка, машки род
Систем што се користи за одржување на поставената брзина на возилото.
Англиски: cruise control Германски: Tempomat

термоелектрана повеќе

мн. термоелектрани
Вид збор: Именка, женски род
Електрана што користи термичка енергија.
Англиски: power plant Албански: termoelektranë
Примери:
Откако е пуштена во употреба термоелектраната, ова е прв екосистем за отпепелување.

термостат повеќе

мн. термостати
Вид збор: Именка, машки род
Направа за автоматско одржување на определена температура.
Англиски: thermostat

термоцентрала повеќе

мн. термоцентрали
Вид збор: Именка, женски род
Електрична централа со погон врз база на топлотна енергија.
Англиски: power plant

техника повеќе

мн. техники
Вид збор: Именка, женски род
Целокупност од орудија и средства за производство; посебно машини и технички, механички уреди.
Англиски: technology Албански: teknikë

технолог повеќе

мн. технолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист во областа на технологијата.
Англиски: technologist
Примери:
Тој работи како технолог во пиварата.

тиристор повеќе

мн. тиристори
Вид збор: Именка, машки род
Полуспроводничка компонента што Функционира како прекинувач.
Англиски: thyristor

тонмајстор повеќе

мн. тонмајстори
Вид збор: Именка, машки род
Инженер којшто е одговорен за тонската техника во студиото или на бината.
Англиски: sound engineer

топилница повеќе

мн. топилници
Вид збор: Именка, женски род
Работилница каде што се топат руди, метали и сл.
Англиски: melting furnace

топлана повеќе

мн. топлани
Вид збор: Именка, женски род
Постројка за централно греење на цела населба.
Англиски: heating plant
Примери:
Загадувањето на воздухот од топланите и од сообраќајот се одразува на здравјето.

топловод повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Проводници за топлинска енергија.
Англиски: heat conductor
Примери:
Траса за фекална и атмосферска канализација, како и коридори за топловод, гасификација и оптичка врска.

транзистор повеќе

мн. транзистори
Вид збор: Именка, машки род
Полупроводнички елемент со три електроди.
Англиски: transistor Албански: tranzistor

трансмисија повеќе

мн. трансмисии
Вид збор: Именка, женски род
Механизам за пренесување на движење од двигател на извршни делови или машини.
Англиски: transmission

трансмисионен повеќе

трансмисиона
Вид збор: Придавка
Од трансмисија, преносен.
Примери:
Трансмисионен ремен.

трансформатор повеќе

мн. трансформатори
Вид збор: Именка, машки род
Направа за покачување или намалување на напонот на променлива електрична струја.
Англиски: transformer

трансформација повеќе

мн. трансформации
Вид збор: Именка, женски род
Преобразување на електрична величина со помош на трансформатор.
Англиски: transformation Албански: transormim, shëndrim

трап повеќе

мн. трапови
Вид збор: Именка, машки род
Долна конструкција на моторно возило.
Англиски: chassis

трафостаница повеќе

мн. трафостаници
Вид збор: Именка, женски род
трансформаторска станица
Англиски: transformator station

трепкач повеќе

мн. трепкачи
Вид збор: Именка, машки род
Светло на возило што го покажува правецот на вртење.
Англиски: indicator

триода повеќе

мн. триоди
Вид збор: Именка, женски род
Електронски елемент со три електроди.
Англиски: triode

тромоторен повеќе

Види и: тримоторен (прид.)
тромоторна
Вид збор: Придавка
Што е со три мотори.
Англиски: three-engine
Примери:
тромоторен авион

троска повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
згура
Англиски: slag Албански: shllak, zgjyrë

трофазен повеќе

трофазниот
Вид збор: Придавка
Што е со три фази.

туража повеќе

(едн.) туражата
Вид збор: Именка, женски род
Под голема гас, под голем број на вртежи - на автомобилски мотор и сл.
Англиски: revolution

турбина повеќе

мн. турбини
Вид збор: Именка, женски род
Мотор, двигател при кој се искористува силата на флуид.
Англиски: turbine

турбински повеќе

турбинска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на турбина.

турбогенератор повеќе

мн. турбогенератори
Вид збор: Именка, машки род
Комплекс од турбина и генератор за произведување на електрична енергија.
Англиски: turbogenerator
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш