ало (изв.)

Ало, ало! Има мало дете внатре... Спасете го!..
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ало! Од слушалката никој не му одговори. Само се слушаше - Ти-ти, ти-ти...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ало такси, ало такси, еј такси!“ - се слушаат често повици од некои граѓани по автомобилот со ознака „такси“, но таксистот иако вози празен по улицата, нема да сопре.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зошто ти не дозавршиш медицина, го прашувам, ало, нешто кркори, ало!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме слушаш, ало?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го кревам телефонот: ало, ало, вртам и викам, ало, и ало се направив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Срипувам од креветот како попарен, правам сплет шпаги, набрзина мијам заби со четка за нокти, ставам гас-маска за да оставам подобар впечаток, те со растреперени раце кревам слушалка и со милозвучен и правичен глас велам „Ало?“
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ало, Климе! Кротко веслајте кајчето...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ало !! – реков, пропуштајќи го во слушалката првиот уплашен акорд на мојата гласовност.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ало, Коле! Абе нешто пишува на англиски.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ало! Моме млекото со асален рок е или не е?“ - ѝ велам, ама џабе, таа се пулит во мене и немат никакова намера да прозборит.
„Штамата на Енхалон“ од Ненад Јолдески (2013)
- Ало, дали сте вие Рада? Рада потврди, а соговорникот продолжи: - Знаете, во оставинската постапка која се наоѓа во судов, вие сте наведени како единствен наследник на Јана Попова.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи