вклешти св.

вклешти (св.)

Челичните заби се вклештија еден во друг, се стиснаа како ѕверска челуст, и тој, Стојан Ванков, се исправи со суво шушкање во душникот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тие побудуваа особени асоцијации, болни и безбојни, што го ослободуваа од телото и тој се креваше невидлив како флуид, се лулаше на пајажините и го сеќаваше грубото допирање на таванот и рапавата кора на палмата, вклештена во прозорецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од тоа срцето на Висар му се штрекнуваше и му трепереше како на птица вклештена во кафез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му велеа роднините и пријателите да ја напушти да земе некоја куќа под кирија во селото, но тој не сакаше да чуе; постојано ги потпираше ѕидовите со дебели дрвени појаси, ја вклештуваше во дрвени стеги и не ја напушташе - не сакаше да се сити Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Папците на козата ѝ овозможуваат слободно да застанува на задните нозе и да ја вклешти гранката што ја брсти, а нашите нокти, слични на ќерамида, служат за потпирање на образите при пофини допири...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во споредба со американските “downtown” квартови и блоковите облакодери, Дефанс ја губи архитектонската предност на вертикалноста и претераноста со тоа што ги вклештил своите згради во сцена на италијански начин, во затворен театар омеѓен со периферен булевар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да ја имаше, оваа тешка зачмаеност, што го вклештила и не го испушта, би се стопила како што се топи мразот напролет и тој би нашол утеха, ако не и тиха радост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во канџи вклештена црно руво на нејзината става... Ја оплакувам природата!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)