владее несв.
владеење ср.

владее (несв.)

По степенот на развивањето на науката и литературата кај еден народ се мери неговата култура и по нив се делат народите: на културни и некултурни; културните народи владеат, а некултурните робуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
149. Српскиот цар Урош (1355-1371) владее во времето на интензивното распаѓање на оваа веќе разединета феудална држава; неговата смрт го означи крајот и на привидната централна власт на државата. 150.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
150. Кралот Марко (ок. 1335-1395) е последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво не само на Македонците, туку и на сите јужни Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, огромното значење на Хегел не е во неговите филозофски теории како такви, туку единствено во откривањето на постојаното и незадржливо движење што владее во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Владееше тешка пладневна тишина, само откај реката ветерот ја донесуваше вревата на младинците, како да сакаше да го потсети да побрза.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во бавчата владее свечена празнична тишина, украсена и од декемвриското сонце кое изобилно плиска светлина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Арсо сфаќа дека не може наполно да владее со себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Мислите дека во земјата каде што владее законот има нешто за незадоволство?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го познаваше како својата дланка тој заплиснат челичен порој, тој незадржливо вивнат струеж, ја знаеше најмногу таква, дива, а сепак скротена, спитомена, многу често ја имаше во своите раце и владееше со неа како што ќе посакаше, крај неа се чувствуваше како да беше јавнат на некој разигран бинек, што корне искри со копитата, вивнат суза а мирен, и ја сакаше најмногу заради таа нејзина незаздишеност, заради таа сигурност, постојано во некој лет, секогаш, со секое ново движење, сѐ со по некој нов писок, на кој што ни еднаш не е возможно да свикнеш и да ти биде обичен, бидејќи тоа е нејзиниот говор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- А зошто? - Некојпат - почна да расправа Анѓеле - тука владееле Римјаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дома кај него и меѓу неговите роднини владее паника.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој ден владееше голема горештина, сонцето луто печеше врз ќелавата глава на дедо Гога, па тој се запре крај едно изворче, под едно дрво, да се напие вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бојан се исправи во леглото, вслушувајќи се во тишината што владееше околу колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нему му беше важно тоа: во затворот да владее ред и мир, та кој што сторил — ќе си најде од кадијата и ќе си отиде каде што ќе го испрати овој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Читајќи некои книги останати од татко му, велеше: Човекот е најситниот дел на вселената; него вселената го создава и го повела; секое раѓање на човекот се обележува во вселената; каков ќе му биде животот на човека, зависи од времето во кое е роден и од законите што владеат во тоа време: тие му ја одредуваат судбината, здравјето и должината на животот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вие честито и лојално би живееле и во царство со кое владее стоглава ламја. Честитоста и лојалноста се релативна категорија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Јас владеам англиски пасивно, германски солидно и руски скоро на академско ниво. (Пауза. Чита ознака на магнетофонот.) Што значи ова „хи-фи”?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Чудесни птици дојдени да надлетаат со своите гласови околу нас и со крилцата колку да му мавнат на животот. Ниту слушаат – ниту владеат...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе