врне (несв.)

ДЕПА: (гледајќи во Пандета кај што се тресе). Леле, леле, не престивнува, сѐ повеќе и повеќе си врне.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Кажуваш многу врнело. Зборувај како поминавте со Анѓелета? (Сите придобрани до него чекаат одговор, а Мара му притурува во филџанот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сполај му на господа, што ќе беше ова, само врне и врне, не престанува.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ама врнело, ама грмело- попот треба да го испрати до дупка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Затоа не треба ни да врне дожд, непрекинат, во танки нишки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од нив светка, се прелива, дури и црната прав што постојано врне од белата грива на возовите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Надвор врнеше снег. Ноќта беше студена, широката улица, - прелеана со мека дијамантска светлина, - пуста.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А дождот врне надвор, не запира... современиците тага
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Барем снегон, кога врне, да има некаков шум, да заплисне, мислеше. Да не биде вака штамовно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XII. Уште три дена врнеше тој јужен мек, завиорен снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние двајца сега ги нема и ние можеме да гледаме до наситка како си врнат снежинкиве И тој гледаше во снежинките, а тоа сега наеднаш не претставуваше никакво задоволство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Надвор врне дожд и прозорците се влажни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Одамна се раздени ... - поткашлува. - Облачно е, душо. Врне.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Една ноќ, кога врнеше силен дожд, летнаа да бегаат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А Полжавот ѝ одговори: - Тебе ни ветер те дува, ни дожд те врне, ни сонце те пече.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Времето се отвора и почнува во мене да зборува Преведувајќи ме во небо, во скробна исповед Во молитва по која во пустината врне.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Продолжија по дождот што откако почна да врне најсилно што можеше, спуштајќи измаглица секаде околу, се устали во рамномерно истурање.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А знаеше дека мора сега, веднаш да го исчисти, зашто како што врне, до пладне може толку да го натрупа, што чистењето да стане невозможно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Расмеани се погледнаа и забележаа дека ќе врне. Си рекоа да побрзаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дождот стануваше уште посилен, како да врне пред снег. Брзаа колку што можеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе