голтар м.

голтар (м.)

Ами тоа е исти што и против власта да одиш, голтар да бидеш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој му се потсмеваше сега на оној поган голтар, кој имал преку своите коски да ја преметне само уште својата парталава кожа и повеќе ништо друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А ако се дознае дека некој го прикрива и го чува за голтарите шумски, веднаш и најстрого ќе биде казнет и ликвидиран. Јасно?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Застануваат на ќошињата од куќите и жолчно ги кинат летоците што се залепени на плакатите на кои до синоќа пишуваше: „Народе, откажете се од помагање на шумските голтари, кои се одметнале за да ви нанесат пакост и несреќи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По толку години, секако предолго време и за најсвет живот, кираџиите и дрварите се колнеле во очите и во децата дека ги сретнале во дождливите есенски наквечерини, тројца, костур зад костур со долга брада, нечудни очајници и голтари до кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Турците биле помногубројни, дваесетина сабји на еден голтар, и ги доклале луѓето пред тоа насобрани од Кратово, Куманово, Велес, Штип и од повеќето села околу Скопје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Граѓани и граѓанки, вчерашни рудари и днешени голтари, питоми страшила во бедна состојба...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Всушност, тоа би било доволно да можат да го кажат она што Ацо Шопов го испеал во песната „ЈУ-Миткање“: „Пред тебе клечам како голтар/ што ти се заканува со ковчести прсти: престани да бидеш црква без олтар/ во која секој ќе се крсти“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- И да ти кажам, ти голтар низаеден, така лапајќи, можеш само стомак да си расипеш, разбра ли?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)