грее (несв.)

Како сонце грееше со триж светли зраци и секоја нивна заблуда ја отклонуваше.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Но по желба на бога може и триумф да грее!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
АРСО: (Како за утеха.) Па, најпосле, едно сонце нѐ грее. Сите пиеме со уста, безбели.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пилците пеат - ти плачеш, сонцето грее - ти темнеш.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Пеш по светот поема Песна прва Греј, о мила месечино, сјајно, греј и огреј ми страден род, во мачна душа шепни му тајно за дните нови под златен свод.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Беше тихо и пространо, сонцето грееше а далеку над Огражден се гонеа по прозрачното небо јата бели пувкави облаци. – Кај се губиш, Белич? – го наруши Мече прв молчењето. – Те барам толку време, а тебе никаде те нема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Птиците пеат в слобода, солнцето грее за живот!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Дури свет светува, дури сонце грее ќе се слуша песна радост ќе се слива, Републико наша, наша братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Греј ми, греј ми солнце златно, течи, бистра водо моја, да избелам бело платно и дарови да навезам ..."
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ги налегнува и ги грее со меките перја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Седнаа крај мангалот да се греат и Бино почна да го напаѓа Дима што се погрчи: — Зошчо бре, Димо, зошчо го направи баре ти тој магаршчилак?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Волците слепо ја следеа по бескрајното снежно море и ја оставија, а таа, како да си дојде на себе: далеку ги заобиколуваше јуруците, се плашеше од нивните развлечени песни; ноќе го грееше под срце нејакиот пород и се разбудуваше дури и кога по земјата ќе зашушкаа ланските дабови лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Можеби така шумоли ракијата во ловците, ги грее, ги распалува и им го претставува светот поинаков отколку што го виделе и што го знаеле.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ни недостанува уште некој Проверите во џеповите на вашите шинели Чии раце се греат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Му се чинеше дека во неговата дланка се грее чаша со ракија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Седеше и се грееше, но набргу од топлината му се приспа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Згасна црвенината. Грее мршава месечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе