ела (изв.)

Ела ти, бре Стојане! Само гледај од секој да скусиш, десетина драма! Чу ли? (Стојан го заменува Зафира).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ела, Коле... (Го прегрнува Колета). Татко ти не ќе си дојде... Никогаш не ќе си дојде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: Е, повели, зету. (На побратимите). Елате и вие горе да видите.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Туку ела да ти кажам нешто пријателски, насамо.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пак и мустаќине ги бричел, како сега овде в град, та ела познај го.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И Мече не почека да биде двапати повикан. – Ела со мене, бргу! – со шепот му рече Беличот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Чекаат мили полиња родни, неоран угар стои, плодните ниви ви шират гради, - елате, орачи мои!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Ај, ела си вамо ти, мори мрсолка една! Си пораснала голем гаглак, пак ќе ми извикаш тамо.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Пак, ела ми, ела ми, пак, овде, вадика ќе те права пак. — Дедот Стале не можеше да го изговара тврдото „л“ и говореше нешто средно од „в“ и „л“.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Потем се подзамисли. – слушај ти, - му рече на Пецета. – Ела ваму!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ела де испи десет, - му подвикна Трајанка подавајќи му го шишето, - па да те видам дали е чудо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По малку време му се врати храброста и направи неколку чекори напред, но пркосно, како да им вели: елате да ве видам што можете да ми сторите!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ела да си поплачеме Јас и ти јас сонуван.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
III Или пак елате Објалџии опинчари рибари Брсјаци мијаци Елате По сите ориди и по сите преспи Да тргнеме Да се изброиме Малку ли сме Многу ли сме Ќе правиме царство Да видиме колку векови ќе царуваме Кој ќе ни биде цар Кој Бог И шпиун кој ќе ни биде, Елате Да се изброиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
На разделување да се прегрнеме Јас што нестанувам И ти што големеам Ела.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И дури стариот да се заврти и да ѝ даде ишарет да не кажува, оваа наеднаш се испушти и му рече на војникот: – Море, пусто да остане и чешмичето, ами ако е за него, елате по мене, јас ќе ви го кажам, не дека е далеку!!! – и тргна напред преку дворот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така: „извикајте го трубачот“. Ела сега разбери се!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш дедо Спасе ќе ја викне мајка му на Васко, која работи нешто низ куќата: - Елено, море, детето заспа. Ела, земи си го!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Елате под знамето на автономна Македонија!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи