загрижи св.

загрижи (св.)

(Се закашлува. Другарите се загрижуваат за него).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тивко, тивко го расвести и бргу го поведе кои своите српски окопи, каде што веќе другарите беа се загрижиле за него, ота и зората наближуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но минат бргу миговите на утрината и еве: веќе и пладне наближува, една мисла бавно над ведрината потајно се спушта и загрижува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
- Ете ти, на, се издиши старецот. - Внук ми се загрижил за мене. Се лути, не сака дома да оди. Го исплашил татко му.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Неговата судбина треба да нѐ загрижи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се случија уште многу други, неубави и чудни нешта. Сите дома се загрижија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го загрижуваше нешто друго. Нешто што сѐ поизразито се чувствуваше во воздухот, ниски облаци, како капа, седеа над Чукарот, некаде во височините над долината се чувствуваше невидлива брканица на ветровите, а во воздухот веќе можеше да се насети близината на снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега ќе мора да живее од компири, качамаци, јаболка, но тоа не го загрижуваше многу, важно е храна има не за една недела, не за две, туку за повеќе месеци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакаше некако да го разбуди, но ко кога виде дека нема никого да го налути поради тоа, не се загрижи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нестанокот на храна по селата ги загрижи бимбашиите, а и им се досади цела зима по пустите мариовски села, та предложија сите четворица да ги прибере Бахтијар во Битола, бидејќи и така немаа никаква работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ме загрижува тоа што во писмото не нѐ известуваат колку ќе трае посетата на господин Клаус.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа уште повеќе го загрижи. Што ли се случило? Да не е болна?
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Туку сака нешто да покаже, божем многу е загрижена за вас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А денес кога птиците се загрозени, кога и некои од вашите другари ги проретчуваат со воздушните пушки, уште повеќе треба да се загрижиме и да им помагаме да живеат, да се множат, за да ни биде поубаво на сите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
— Не ме загрижува тоа, вели, што го нема него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме загрижуваш ти, Небеска, ми вели. 22.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше речиси четири часот попладне, и јас веќе почнав да се загрижувам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Леле, ако добие воспаление на белите дробови, - се загрижи Тета.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Да не не ѝ е добро? - се загрижи дедо ми. - Лошо ѝ е од многу спиење, - одговори татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Работата е што секој за себе е загрижен, - ми вели.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе