задолжително прил.
задолжителен прид.

задолжително (прил.)

Второто „К“ поврзано со колонска вода Во светот е позната познатата келнска колонска вода и затоа Келн, инаку град на индустријата и трговијата, во цела Европа и надвор од неа го носи знамето на „4771“, а покрај овој број задолжително стои натписот „Келнише васер“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вечерта ќе ја минеме во задолжително гледање на нова соц - реалистичка театарска претстава.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во минатите времиња, војната речиси по дефиниција беше нешто што порано или подоцна ќе биде завршено, обично задолжително со победа или со пораз.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но ваквиот поредок не е задолжително постојан, ниту пак е прашање на принцип.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секогаш кога ќе си дојдеа од работа, јас ќе ги погалев и задолжително ќе им дадев лепче или штогоде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој рече дека морам да ја слушнам таа музика; тие се всушност само бледа слика на вистинската, преподобна музика; рече и дека сега му е смешно што го бранел џезот пред народната музика, и дека сето она што го напишал во есејот била чиста глупост; рече дека постои само една музика, и дека задолжително морам да ја слушнам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- кога влегуваат во ноќниот бар, во позадината задолжително се врцка полугола танчерка на шипка; - кога гл. јунак поаѓа во решителна задача, без оглед дали тогаш чекори, трча или скокнува во хеликоптер, тој им вели на своите сакани (жена, женска, деца, татко итн): „те сакам“, а тие (понекогаш здружено) одговараат: „и јас тебе“;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Па се поклони, сиот теракота печена на тивок оган, со цигански шарена шамија околу мисирковиот врат, прво задолжително на жените со поглед како во решавачка карта, а потоа деловно им соопшти на мажите: - Тој ми е најдобар студент, најнадежен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Претходно, претставникот на вработените лица кај должникот не мораше задолжително да учествува во одборот на доверители.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во врска со стажот на осигурување, прво, во 1995 година е прецизирано дека во стаж на осигурување ќе се смета само времето поминато во задолжително осигурување за кое е платен придонес за пензиско и инвалидско осигурување (чл. 11, ЗИДЗПИО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во 2004 година, во склоп на одредбите со кои се уредува ново-воведеното посредување за работа во странство, донесена е и одредба според која агенцијата за посредување за вработување задолжително пред упатувањето на одредено лице на работа во странство со него потпишува договор, при што тоа лице има право на надомест за неисполнетите обврски (чл. 3, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Подружницата работи под фирмата на трговското друштво што ја организирало, во која задолжително се наведува нејзиното седиште и зборот „подружница“ може кон фирмата на друштвото да додаде и свој назив.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странките и оштетениот ќе се известат секогаш, кога и на кое место ќе се испита сведокот, односно ќе се изврши увидот или реконструкцијата со задолжително присуство на странките на тие дејствија (чл. 390, ст.3 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А, се сеќавам дека престиж беше да имаш ноже специјално за правење форми од дуњата на Џорџе Балашевиќ, од „строубери“ од „Д Битлс“, од тиква од една за мене грда македонска песна, па да ги свариш во компот и задолжително да поделиш по комшиките зашто која е финтата ако теглите ги наредиш во визба во која само ти влегуваш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Е, мои мили, вие треба да научите и тоа задолжително ќе го научите, како да ја употребувате пушката, што речено со други зборови, како да стрелате и како да убивате...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Всушност, турски како алтајски јазик, имајќи задолжително осум писмени самогласки, е спротивен на семитските како арапскиот или хебрејскиот, на кои генерално им се потребни три писмени самогласки единствено да ги означат другите зборови различно хомографирани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И да не заборавам. Секогаш и тоа задолжително мора да се проверува, случајно или од невнимание, да не остани во лежиштето фишек.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК