замисли (св.)

Кога ќе се замислел Силјан штркот понекогаш вака тики ќе се заборавел кај што стоел.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А ни едното ни другото тогаш за тогаш не можеше да се замисли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На тоа ме вика долгот, повелбата на немилосрдната судбина… (Се замислува) А, татко ми? А жена ми?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Затоа таквата логика никојпат не можеше да го замисли „самодвижењето“, туку простото механичко движење на идентични, себеси рамни ствари и категории, под влијание на надворешна „сила“ или божество.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Идеализмот го отфрли објективниот свет, но неговата формална логика не можеше да го замисли единството на два спротивни поима, нивното пораѓање и настанување еден од друг.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
АНТИЦА: (која во последно време стои замислена, издивнува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Што сум јас будала и се замислувам за работи кои сигурно Илија во најскоро време ќе ги реши?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Беше си се замислил за сето што го преживеа последниве денови, а во душата го копкаше мисла за својата грешка што го застави да избега од домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Командантот се замисли за час, а по тоа рашири раце, велејќи му на Белича: – Ти можеш да останеш, а тој не.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пуст, сив, студен крај. Во тоа сивило почна најголемата битка, што сум можел да ја замислам во тие години.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се замисли малку и одмавна со раката. - Те лажам. Оди си. Сакав да видам дали се плашиш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пане пак е ситничар. Но и без тие ситни работи не може да се замисли свадба. Мониста, прстење, скопчиња за ќурдиите на зетот. Што не треба?
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Да насеча борови одоваде рид, или да преврла преку рид по букови? — се праша сам и се замисли, чекајќи го магарето да се напие вода од коритото на шопурот.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Во нејзината мисла веќе и се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Танас се замисли. - Што да ти речам! – присторе. – Ако ме слушаш, татко ти вели да си молчиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И самите можете да си замислите како изгледал кога му дошол до ушите ваков глас.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш Бошко Манев се замисли како никогаш порано.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вие не можете да замислите што чувствува излажан човек. Не излажан, тоа е слаб збор. За такво чувство нема израз.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Старецот уште повеќе ја наведна главата и си замисли.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Напаѓа жарје и пуза по покривачите што беа повеќе од трска и штици, и, дури да се забележи пожарот, чаршијата вивна во пламен. Му кажаа на кадијата за случајов; тој нареди да се гаси пожарот, а само длабоко се замисли: Ама пис милет, анани... ана!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе