занимлив прид.

занимлив (прид.)

Затоа и предлогот на Пенча ми се стори занимлив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Решивме да направиме свој циркус, да се вежбаме и да појдеме по светот. Беспризорните беа занимливи - имаа премалку леб, премногу фантазија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Занимливо старче. Седумдесет години без брзање вртело в круг и стасало таму каде што било доенче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не ја сфати и не исфолира за да ја привлече. „Занимливо“, рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отпрвин, нешто измислувајќи, нешто украсувајќи, тој го воведуваше во занимливиот свет на своите доживувања, во кои човекот секогаш победува и се ослободува себеси од нечија волја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бројката нѐ чудеше и занимлива ни изгледаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Секако на патот од спутникот до електронскиот мозок ќе ве сопрат и други занимливости, особено модната ревија „вреќата“ и „трапезот“ им го отстапиле местото на фустаните до над колената, на она што пред десетина години беше во мода, како и атомиумот и сѐ што е пред вас ново.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
2 Миодраг Друговац, посочувајќи одделни делови од расказите на Чинго забележува: „ ... Чинго ја усвитува својата реченица, дијалогот му е мошне едноставен, занимлив и неверојатно непринуден, како изделкан во духот на народниот раскажувач...“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Целта на оваа вежба е да ја развие техниката која веднаш ќе го привлече читателот кон следниот параграф и ќе предизвика во него желба да тргне понатаму, бидејќи го приврзавме неговото внимание кон овој параграф, токму поради неговата занимливост. Ако не се извежбаме да пишуваме вакви параграфи, кои му претходат на дејствието, не можеме никогаш да постигнеме вистински суспенс.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
-Ах, како е занимливо! - извикнувате емотивно, но не затоа што тоа е стварно занимливо, туку затоа што морате да прикриете дека смртно сте се исплашиле. -Беше голем измамник...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Хичкок: „Занимливо е дека продуцентите, по многу премислување, одлучија Уцена да биде нем филм, освен последната ролна, бидејќи тогаш некои продукции се рекламираа најавувајќи „делумно звучен филм”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некаде во средината на овие мрачни записи наоѓаме на занимлива примедба за зимските месеци 1555-та година: во Фиренца владее чума.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така браќата Чепмен во една изјава дадена патем развиваат занимлива археологија на сленгот како „реален“ говор, најнепосреден и највисцерален дискурс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Занимливи се, секако, и оние неколку епизоди во коишто се зборува за куферот со двојно дно во кој се сочувани неколку национални знамиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
3. На другиот ден Гога дојде пред берберницата заедно со Крстета, студент по филозофија, на кого му вети да му покаже еден занимлив човечец.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што беа тука, сите се свртија, а на лицата беше испишано нестрпливо чекање дали ќе видат нешто занимливо. Си ги познаваа петлите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој сам нарачуваше едноподруго чаши и полоканичиња, и на Коча му стана занимливо она негово лошо прикриено лукавство да искористи што повеќе од него, дури на тој будала, да, не му текне па да си стане.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Слушам радио, занимлива емисија за Африка. Навистина интересно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Госпоѓа Мариела знаеше дека упорноста не може да има ефект кај полицајката, дека токму упорноста кај неа го зголемува степенот на недоверливост, па затоа се обиде да ѝ ја предочи занимливата страна на приказната: дека монахињата делувала особено инспиративно за сликарот и дека резултатот бил видлив во креативната содржина на сликите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе