измушне св.

измушне (св.)

Се раздрма народ, некои почнаа да се собираат на купчиња; тие што беа по на крајот се измушнаа и избегаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Со денови посакувам да те сретнам а ти постојано ми се измушнуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека се имаше обидено и мене да ме заплетка во својот најлон но навреме се измушнав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се измушнува од нивните постојки на патот на освојувањето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Вистината се измушнува ненадејно како и улицата што некогаш одовде ќе врви.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)