инкарнира св. и несв.

инкарнира (св. и несв.)

И еве, Луан Старова, македонски државјанин од албанско потекло, е вистинскиот претставник на балканскиот соживот и на балканската отвореност, човекот кој во текот на целиот свој живот го инкарнира балканското братство без каква и да е етничка затвореност, спротивставувајќи им се на ексцесите на идеолошката апстракција, подеднакво спротивставен на изнасиленото етничко и религиозното однесување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ете, значи, поданици кои дословно се инкарнирани со угнетувањето чии што се жртви, принудени да се препознаат во државата што ги сотира мавтајќи им пред очите со нивниот сопствен лик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За нив, налик на инонокластите од десетиот век кои на Исток станале познати по тоа што не верувале дека божествената Вистина може да се инкарнира во слика, ниту една изложба на Бојс повеќе не може вистински да задоволи, бидејќи уметникот не е присутен за да ја раководи инсталацијата на своите предмети. 82 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа време Лабрис доби извесни шанси да се инкарнира во прекрасна дебела книга, но нескротливиот темперамент и стравичниот вербален торнадо на господинот Вулкански во една вечер во Александар плац (темна и дождлива вечер) ги уништи шансите на тој хипотетички проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)