исправен прид.

исправен (прид.)

Птица устремена. Стрвнина. Исправен нор со закана .. Глуне езерска поврвнина, модра од тага, исплакана.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Се тресеше, корените му беа жилави и го држеа исправен и страшен, безумен од туѓиот отпор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Одеше несигурно. Под она скаменето стебло, исправено како стражар над рекичката, го стаса детето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Аргир стоеше исправен над огинот. - Дедо Аргире, јадењето е готово... ќе истине...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се заниша доближувајќи се полека со чело кон плочникот. Падна исправен со несвиткана кичма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
МЛАДИЧОТ: (Проверува. Откако ќе се увери дека револверот е празен, го фрла на земјата. Останува така, исправен и наполно изместен.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Скокнува од креветот, стои исправен во недоумица и виновно се смешка на себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ха, - повтори сега, исправен. Се вживуваше во својата ролја и веќе немаше ништо изнасилено во неговиот глас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остануваше сѐ уште под неговото дрво, со исправена муцка, потсветнуваа матно и неговите очи и неговите секачи но молчеше, долепен до земјата и чиниш не дише.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некој тивко потропа на вратата. Помисли: Некој... Сега беше исправен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На моите листови се редеа: исправени малечки тркалца, големи тркалца и што ти не! Се редеа и моите незгоди.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сѐ уште стоевме исправени и неми.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беше тоа висок старец, исправен, строен и впечатлив со својата бела брада, бели веѓи и високо чисто чело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стожер од бои исправено гумно од води извор на птици и огледало од цвеќа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Од искони меѓутоа, од своите прапочетоци, стои исправена пред прашањето: може ли таа тоа да го чини?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А гледам сѐ што треба има човекот: исправен е, џамаданот му крцка на плеќите, бечвите ги налеал со жили, со јачина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На фотографијата толпа што зјапи. Исправни умови.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Повеќе