канцеларија ж.
канцелариски прид.

канцеларија (ж.)

Срцето ми биеше, бев врапче кога тропнав на вратата од професорската канцеларија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потоа ме повика во канцеларијата класниот раководител господин Поповиќ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
КОГА СУЉО ПРИСТИГНА пред портата на кадилакот, кадијата веќе беше во својата канцеларија и седеше крај својата работна масичка над ќитапот – единствениот закон по кој ја делеше правдата на сите што идеа пред него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се оддалечува еден од друг, стануваа потуѓи, зашто од кртоста на овие зборови зачуденоста на првиот стана исто таква кртост, стара, некогашна кртост, за миг само премрежена под правта на тешката градна болест и канцелариите со млак воздух.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Водорамно, како и сѐ во канцеларијата - масата, списковите, паролите ѕидни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Змејко не можеше да остане со тоа во себе. Истрча од канцеларијата. Старецот заминуваше нагоре, по средселото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ме спика во канцеларијата викајќи возбудено и луто.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Утредента учителот нѐ повика во канцеларијата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Испитувањето траеше деноноќно, - еден по еден нѐ повикуваа во управителовата канцеларија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Четири години ја пеев „Народе македонски...” и четири години заради таа песна го пиев грчкото масло и серев по грчките жандармериски и полициски канцеларии и подруми.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За ова нешто сам тој на шака расправеше, после, ко помина фуртуната и ко се растури месната канцеларија, а тој ништо потоа не беше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја чуваше во големата челична каса, во канцеларијата, заедно со револверот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И во илјадници други градови имаше деца, авении, деловни луѓе во нивните канцеларии.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа тргнавме по другите канцеларии. Не беше испланирано.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
(...) Ручаме во Бенвеевата канцеларија кога одненадеж го повикуваат на телефон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја викав постојано, ги испрашував нејзините пријатели, ја ловев по лифтови, ходници и чекални околу канцеларијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја воведе во употреба играта “ламуш“, го поплочи плоштадот на пазарот и ја засади со брези улицата што води до јавните канцеларии; повторно се обиде во Глупов да воведе академија, но, откако доби отказ, изгради собирен дом.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Побарале чичко да појде со нив на краток разго­вор во блиската полициска канцеларија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК