книже (ср.)

Пак вистина, кога ќе видиш едно книже и ќе речеш: и ова е пара!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Зошто? праша Паљо; виткајќи во книже собрани отпушоци од цигари и плачеше од чад.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го вртам книжето и пишувам: „Речи ѝ: врагот нека ја носи и неа и нејзиниот крив нос, крива уста, поткршен заб и магарешки уши!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе ми паднат в рака... - го стутка книжето и со брзи чекори се упати кон училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Пст! - го прекинува кметот и го чита книжето што му го извлече од џебот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја витка цигарата, ама несигурно. Рацете му се тресат. Тутунот му игра на книжето, меѓу прстите и му се подистура.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шмрчка со устата и со јазикот го лигави книжето. 84
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се помисли Доксим Тренчески, скина едно книже и ми завитка. Едно чавче ракиено шеќер ми завитка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Книжето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најдов едно книже и моливче од криминалките и напишав: ,Да се јави Оливера Поточка".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми подаваат едно книже и чкрапаат со кибритот да ми светнат. „Имај доверба во луѓево“. Потпис: трилисна детелина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А пак гледај, гледај да видиш... Тој зачкрта нешто изметкано на книжето и после покажа со перото: - Мојот потпис.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Стојане, викна тој - донеси малку книже и мастило. Крчмарот донесе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој бурична во внатрешниот џеб од палтото и меѓу некои стуткани книжиња извади едно сликче и му го покажа на Коча, а в рака не му го даваше. - А? - Личи на тебе рече Кочо.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мало книже од Куранот со изреки и молитви на арапски јазик, што обично се носи во кожно кесе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)