кодира св. и несв.
кодиран прид.

кодира (св. и несв.)

Онаа што сакам да го сугерирам е: за смислено да интерпретираме дадена ситуација ние повикуваме стотици шеми од нашето „множество на шеми” и дека искуството собрано преку целиот наш живот, вештините и општото знаење, нашите сеќавања за различни случки, може да е кодирано во таква лична „енциклопедија” од илјадници шеми, збогатена и од вербалниот домен за да инкорпорира и репрезантации на акции и перцепции, мотиви и емоции, лични и социјални интеракции и на крај, на јас-ството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ние сме свикнале да го гледаме просторот поаѓајќи од нас самите, од нашиот внатрешен свет, од нашата невистинита длабочина; ние сокриваме, ние маскираме, ние лажеме затоа што сакаме да ги притаиме нашите чувства, сокривајќи се во аголот на итрата непристапност; сето она што е прифатено да се нарекува психологија, сето она што „нема место да постои“ во социјалниот свет, околу што се кодира и се формира нашето „јас“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Компјутерските кола можат да извршуваат многу операции на низи од битови, меѓу нив основна е Буловата дисјункција, така наречена, бидејќи, ако се гледаат битовите како вистинитосни вредности, овие операции би се кодирале во логичко „или”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Лежеше на мојата дланка, сета таа смрт. Притаена, кодирана, очекувајќи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Технологијата на виртуелната реалност овозможува убедливо чувство на целосно движење, со податочната ракавица е стимулиран и допирот, се работи за право пробување и населување на виртуелноста (уметнички кодирана); посебно делотворни се движењата (излети) за сликите, симболите и зборовите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во науката обично се обидуваме ваквите мемории да ги кодираме во бројки, пред сѐ заради компактноста а и за да имаме еден заеднички маштаб во однос на кој би можеле да ги споредуваме различните набљудувања.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Препознатливоста и лесната идентификација на поетовиот пев е дополнително сведоштво дека Анте Поповски прецизно ја кодирал својата поетска шифра во сопствениот јазик, па сега и кога пее со одглас на веќе испеаното, но и кога пее со залог во новото и (можеби) претстојното, читателот мигновено го спознава неговиот отворен, оригинален, јасен и засекогаш втемелен поетски идентитет.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Размислував за визионерството. Дали е тоа дарба или особина која е кодирана во гените, наследно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го проголтав последниот залак ќе ги откорнам оградите, на дијалектичко кодирање светот меѓу постоечкото и подвижното Во рушевините на новоградбата, чекорот остана зад мене Лутам по брегот од поларна капа Сахара со синџир песочен оков закотви околу мене Судниот ден небото ми го испрати, Се засолнав под стреите на реторички фигури
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Како културна практика, машката хомосексуалност подразбира својствен начин на примање, претолкување и преупотреба на главнотековната култура, својствен начин на декодирање и рекодирање на хетеросексуалните или на хетеронормативните значења што се веќе кодирани во таа култура, со што почнуваат да дејствуваат како носители на геј- или на очудено значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)