контактира св. и несв.

контактира (св. и несв.)

1 Во својот поговор 1 раскажувачкото творештво на Живко Чинго (поговор) стр.138 кон избраните раскази на Чинго, Петар Бошковски, доаѓајќи кон поентата на своето разгледување, го истакнува тој квалитет на прозата на Чинго: „Не знам колку може да важи за општо правило дека литературата треба да се чита на глас, но во случајот на прозата на Чинго таквиот начин на контактирање може да се земе како пример на совпадливост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како што му растело рокчето, така сѐ повеќе се јадосувал, сѐ повеќе се затворал во себе и со никого не контактирал.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На пример, својата спахиска куќа ја обиколи со земјен бедем, од кметовите формира цела војска, која ја облече во специјални униформи, и, што е особено интересно, со домашните контактираше исклучиво со посредство на „меморандуми“ - така тој ги нарекуваше своите писмени наредби.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Така вуду- окултистите во Спроул, кои веруваат дека преку Матрицата контактирале со вуду пантеонот, всушност се соочуваат со овие фрагментирани елементи... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 67
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако биде неопходно да контактираме со вас, тоа ќе биде преку Мартин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Католичката милосрдна сестра, Французинката Писи, која во Солун работела во француската болница и поради тоа контактирала со наши луѓе и ја познавала доста добро неиздржливата положба во која се наоѓало македонското население, во својот „Дневник“ се прашува: „До кога ќе оди така? Нема ли да се преполни чашата на горчината?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во секој случај, најмногу контактираме со оние кои не живеат овде.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Неколкумина од оние кои контактирале со курирот решиле да се засолнат по блиските села. Страв лозје чува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Трагајќи по него, преку изучување на други култури, откривање на други искуства, контактирајќи, се споредува со нив, го осознава доброто, за дознае што е добро а што не - велеше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сред летово, старата, голема заедница на Салоника контактираше со Високата јудаичка школа во Берлин со барање да им се препорача соодветен кандидат кој би служел како главен рабин на нивната заедница, со оглед дека таа била останата без главен рабин веќе осум години, од денот на заминувањето на Раби Узиел кој отишол да служи во Тел Авив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа, ги покануваме сите оние што сметаат дека е можно одредено подобрување на сознанијата презентирани во неа, да нѐ контактираат и да го споделат своето мислење со нас.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Првиот контакт со Грција и не ми остави некаков впечаток, веројатно затоа што контактирав само со нашите кои живеат во Лерин.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак и тие што требаше да му ги исплатат парите, се во работен однос во истата фирма и, плашејќи се за своето работно место кое беше загрозено од „повисоки инстанци“, на разни начини се обидуваат да ескивираат и одбиваат да контактираат со него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Без размислување и без да ја контактира трудовата инспекција, бидејќи не веруваше во нејзината професионалност – а по „препорака“ од вработен во Сојузот на синдикати, тој веднаш го информираше Синдикатот на металците во склоп на ССМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во овој случај тој не го контактира Инспекторатот за труд, бидејќи нема доволно верба во истиот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На болничкото долапче болничарот ги остави златното синџирче со детелинка со четири листа, прстенот што и го имаше купено сестра ми и мобилниот телефон што јас и го оставив за да можам да ја контактирам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Лилица на прв поглед изгледаше питома, повлечена и тивка, но во комуникацијата не оставаше впечаток на жена која може да биде рамнодушна на опкружувањето и особено на луѓето со кои непосредно контактираше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Види, јас додека се дружев со тебе воопшто не контактирав со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)