лаже (несв.)

Ем, тако ми Бога, чедо, тебе може да ти се чини лага, ама мене за вистина, чунки ми е приказано од деда прадеда; чунки во стар век, синко, не лажеа нашите стари како сега што лажат младите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Остај се, бре чедо, од лошиот ајљазлак што си го фатил; остај се од тие лоши другари што не се домаќинска челад; тие те лажат, бре синче, да арчиш пари по пустина, та и ти да се осиромашиш после како нив!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако мислат така, многу се лажат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
70. Ако не се лажам, Комитетот и Организацијата очекуваа помош не од Русија, а од Бугарија, зашто во Македонија, според разбирањата нивни и на Егзархијата бугарска, живеат Бугари. Руси таму нема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ТЕОДОС: Матеница! Мижи да те лажам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Има еден збор од старите наши: „Господ со кисели јаболка не се лаже!“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПОП ЈАНЧЕ: А така. И со тоа ние треба да ги отвориме очиве четиринаесет и да не позволуваме лесните да се лажат, ами да им го покажиме правиот пат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А тој навистина не лажеше.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И пак ни окото не му трепна што лаже.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Тој ѝ бил свршеник! Лаже таа. Ги носи дома таквите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ти си просјак. Како смееш да ме лажеш дека Том Соер е Карта, Порта и Аранија?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Не верувам. Лаже кучешкиот син, за себе рече Баждар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Токо ич не ми е гајле. Кој мал се жени и рано руча — не е лаган.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не знам некој друг работа, ами вие сакате мене да лажите на мојот занает?
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Ерген и мома се лажат само преку „кодош": тој зема од едниот еден предмет, му го дава на другиот.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И после, дедо му не е лош човек, го натерале и малку умот го лаже, но се ќе си дојде на местото ако го тргнат од патот Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ти пак лажеш, - ѝ се накара брадјосаниот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Успеал и да се здружи со некои бегови и чорбаџии што го бранеле кај битолскиот валија лажејќи го дека Луман навистина понекогаш пленел, ама и против комитите се борел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не се лажам, рече во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК