минира св. и несв.

минира (св. и несв.)

Суви заковани штици. Немиот крик расте и се заканува да го минира однатре, да го разбие на атоми.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бараа да признаам предавство плус непријателство плус намера да им ја минирам власта. Се смеев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се губи во еден необично возбудлив свет и во него е готов на секакви лудории, да го минира светот или просто да убие некого.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ треба да се минира, да се запали и да се распарчи!“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бараа да признаам предавство плус непријателство плус на мера да им ја минирам власта. Се смеев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Терапевтите можат да ја минираат идејата дека тие имаат привилегиран пристап до вистината со давање поддршка на индивидуите во обидот за разбирање.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таквиот збогатен систем не е едноставен, не е подложен на едно начело (исто така нема „водич”), не е сличен на војничкиот систем за да ги игнорира промените и да бега од новотариите кои лесно би го минирале; напротив, тоа е систем кој што безризично произведува ново и демонстративно ги апсорбира сите новини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На 1 мај бил фатен со пакет динамит некојси млад Бугарин, кој имал задача, “согласно неговото признание“, да го минира грчкиот конзулат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од динамитот што останал по одвојувањето за минирање на Банката и дванаесетината колограми за диверзија на бродот, биле направени 70-80 примитивни рачни бомби.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи каналот бил готов, било решено да се одвои неопходната количина динамит за минирање на Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Секој приод, секоја патека, секоја гола лединка, просто, сѐ што не е во наши раце, а го гледаме пред нас, да се минира.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)