насмевне св.

насмевне (св.)

- Да не се мачиш, дрвата сам ги преместив, широко се насмевна Кузман.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И го засакав кралчето, му се насмевнав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се жалеше на срцето. - Срцето? се насмевна жената. - Токму срцето, а?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одеднаш Трајанка изгледаше како да се покајала што му се насмевна и му сврти грб на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И се насмевна од задоволство.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се гледаа така и прикажуваа со очи неколку моменти додека, најпосле, едновремено не се насмевнаа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Сѐ. Инаку ќе се обидам поинаку...“ Се насмевна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се насмевна мислејќи на својата крв: „Непознати цветови? Можеби си се излажала, Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Смешен сум, рече. Што говорам, се насмевна. Тоа беше прва насмевка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не се смееше. Се насмевнуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И јас така мислам, се насмевна мојот пријател.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој, онаков каков што го знаев, насмевнат, спокоен, во познатата блуза без медали.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зошто ми е замрежен погледот кога под нив ќе се насмевне песокот?
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Пак се насмевнаа агаларите, а кадијата заоди внатре во одајата кон стиснатите деца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неговиот шарен капак како да ѝ се насмевнуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
До неа, како божем случајно излезена, се вртеше стројничката, која го погледна скришно и покровително му се насмевна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не и се насмевна и виде - сестрата го погледна без љубезност, рамнодушно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон се насмевнува. А ако сум јас таа порота? Ако сум јас, што тогаш?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дедо Стамен се насмевна и одговори: - Не можам чедо, таа е високо!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Па жалат ли се пари за ваков ќејф...“ - се тргна дајреџијата од моментното, предизвикано од постапката на докторот Петриќ, тешко чувство, му се насмевна на директорот и сам турна од масата една сребрена десетдинарка што беше падната пред него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе