начули св.

начули (св.)

Ќе се вгледаше во полицаецот кој влегуваше во каушот, неспокојно ќе бараше нешто во дното на ходникот, ќе ги начулеше ушите да го фати крцкањето на стражарските скорни или тетеравењето на нозе, одвикнати да одат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се стресна од својата зачмаеност и стариот вагон. Ги начули ушите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги начулувам ушите и пак ништо. Ајс, отсебо, сту, ништо не разбирам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пандо помисли дека зборува за него, та затоа се поднамести и начули уво.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И таа кутрата го чу лаењето, ги опре нозете, ја крена главата, ги начули ушите и почна да се тресе од страв.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Низ кафеаната помина нешто како електрична струја. Дури и келнерите запреа и ги начулија ушите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги начули ушите да го чуе утринскиот говор на денот, го чекаше следното случување што ќе му го поддржи чувството на животна радост: по неколку моменти, чу птица што еуфорично ја запеа својата немногунотна песна некаде блиску пред неговиот прозорец.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се стаписа на местото, се подисправи начулувајќи ги ушите како куче и прво помисли на страната на којашто можеше да очекува опасност па помина со погледот по мракот над високите ѕидови густо обраснати со капини и скреби каде што ништо не можеше да види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги начулив ушите: - ...музичарите најдолго живеат... шупелката и свири си, свири, мозок не троши... а на оној млад човек косата му побеле... триста и шеесет книги, една по една, а сите различни...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ама начули ги ушите, добро! Разбра? Добро слушај! - Добро, дедо Ѓорѓи не се грижи ќе појдам.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Добичињата начулија уши, жените брзешкум бришат натежнати солзи, се прибираат, а тие кои се задолжени за добитокот, ги товараат, а другите стегнуваат ремење на рамо и половина за да се држат поцврсто сандаците и вреќите на нивните плеќи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)