неодлучен прид.

неодлучен (прид.)

Само Татко остану­ваше неодлучен во својата мала библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му ја вратив јадицата в раце и станав. Тој остана да седи на карпата, неодлучно префрлајќи го конецот од едната рака во другата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Исполнет со егоизам, пресметливост, неодлучност, неспособност да ги изрази своите мисли и чувства на вистинскиот начин во вистинскиот момент.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Рада одлично глумеше замисленост и неодлучност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја почувствува нејзината неодлучност, па продолжи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)