нечесен прид.

нечесен (прид.)

Па кога Кузман сред јарост и мака се провикна: ... „Бидете смели, о деца на Река! Нечесност не ќе нѐ плаши.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ќе скокнам... Подобро чесна в земја отколку нечесна над земја. (Се качува на миндерот и ја става ногата на прозорецот да скокне.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А пак треба да знаеш дека и носење вода овде не е ни поневредна и нечесна работа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Нечесна сила што не знае за чесна борба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како да го стори тоа, кога излезе толку нечесна кон неа?
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А сите ние, и чесни и нечесни, нееднаш сме се нашле во прилика да излажеме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Нечесните создаваат убав живот за себе врз честа на другите луѓе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Маската падна, - рече татенцето со победоносен тон како да го чекал само овој миг, - маската падна, - повтори, камуфлажата не трае долго, како пудрата што кај нечесната жена се брише (уште спореди татенцето), - како пудрата што не може да го прикрие лицето на нечесната жена, додаде некако деликатно, искусно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се спуштаат на крилја ветрови, липал и ги терал да липаат, божествени коњи да ги здробат со огнени копита сите зла - нечесноста, богохулството, пакоста, соблазненијата, прељубата, за оние што се во срцата мајчински ќе изгрее едно поинакво сонце, но Адам Лесновец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти на нечесен начин ѝ се лепеше на Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не знам како да го речам тоа, пајаците и понатаму премногу касаа, во првиот момент не бев ниту нечесен, едноставно ја следев а после можеби мислев дека ете веќе ќе прифатам, дека ќе ја пуштам да отиде во било која насока таму горе; среде скалите сфатив дека не, никако, подобро да се убијам ако го прекршам законот, кодексот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Народот е мрзлив, нечист, целосно недоверлив и природно нечесен.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ќе дојдеше одненадеж, како диво ветре, ќе дувнеше да ми соопшти оти во Домот за старци во Катланово директорот краде, дека во Негорска Бања ги трујат гостите со бајата, расипана храна, дека на министерот едикојси му ја запалил фотелјата заради нечесност, дека ја продава бараката во која живее, дека покојната сопруга Кона поначесто му доаѓа на сон и дека го вика, го кани кај неа и дека уште не е подготвен да оди, да си оди, зашто уште не му е времето и слично.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Без сомнение злото ќе си го покаже лицето кога на силните полувистини и нечесни сновиденија ќе им се пријде без предрасуди и лаги.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сум направила нешто нечесно. Господ ќе ми прости.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дали се толку нечесни кон себе, авто-деструктивни, очајно одат против Бога зошто им недостасува љубов и чувствуваат апатија кон сите околу себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Се надевам дека не станува збор за нешто нечесно“, се осмелив да речам, наведен на таква мисла поради таинствената атмосфера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе